Македонија Со „голф“ удрил во пешак во Скопје, па избегал

Со „голф“ удрил во пешак во Скопје, па избегал

Повредениот пешак бил однесен на Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а возачот на „голфот“ што го удрил повредениот, заминал од местото на несреќата

Фото: МВР

Со тешки телесни повреди здобиени во сообраќајна несреќа, вчера завршил 48-годишниот А.В. од Свети Николе. Случајот во СВР Скопје го пријавиле од Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде бил однесен повредениот, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

Од страна на полициски службеници бил извршен разговор со повредениот, при што било констатирано дека на крстосницата меѓу улиците „Ацо Шопов“ и „1409“, како пешак бил удрен од патничко моторно возило „голф“.

По несреќата, возилото го напуштило местото на настанот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.