Главна секција Смената на Зврлевски и денеска ќе чека ред во расправата на...

Смената на Зврлевски и денеска ќе чека ред во расправата на пратениците

Откако вчера 6. седница на Собранието заврши со расправија меѓу пратениците на опозицијата и на власта за предлогот на Владата да се именува Спасе Глигоров за директор на Агенцијата за администрација, денеска првото продолжение на оваа седница ќе продолжи токму оттаму. На дневниот ред е и предлогот на Владата за разрешување на јавниот обвинител на Република Македонија, Марко Зврлевски.

Опозицијата се противеше на именување на Глигоров, велејќи дека тој бил член на извршниот одбор на СДСМ кога бил предложен од Владата и порача дека тоа е јасен знак за политизација на администрацијата.

По таа, трета точка на дневниот ред, следува точката за предлог-oдлуката за давање согласност на општите акти на Народниот правобранител, по што следува расправата за предлогот на Владата да се разреши од функцијата јавниот обвинител Марко Зврлевски.

Со оглед на вчерашното искуство, се очекува и денеска за дискусија да се пријават голем број пратеници за четвртата точка, но и за смената на Зврлевски.