Македонија Службите на Град Скопје фрлиле 250 тони сол

Службите на Град Скопје фрлиле 250 тони сол

Екипите на зимската служба на Град Скопје во текот на изминатава ноќ, до утрово фрлиле 250 тони сол на градските булевари и улици за да спречат појавување голомразица, соопштија од градската администрација.

Оттаму информираат дека индустриската сол има ефект до минус 6 Целзиусови степени и поради ниската температура можно е појавување на голомразица на коловозот.

Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите.

Градската администрација потестува дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.

Градот Скопје апелира до граѓаните, куќните совети и до сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти.