Македонија Случајот „Таргет-Тврдина“ одложен за 16 октомври, Мијалков бил со симптоми на ковид-19

Случајот „Таргет-Тврдина“ одложен за 16 октомври, Мијалков бил со симптоми на ковид-19

Сашо Мијалков како поранешен директор на УБК е првообвинет во случајот „Таргет-Тврдина“ | Фото: Арбнора Мемети

Поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков денеска не се појави на рочиштето за случајот „Таргет-Тврдина“, бидејќи развил симптоми на корона вирусот, извести неговиот адвокат Љупчо Шврговски на денешното рочиште кое се одложи за 16 октомври.

.„Вчера доцна бев известен од Сашо Мијалков, дека неговата сопруга Александра Мијалкова е позитивна на тестот на корона вирус. Истовремено од негова страна ми беше посочено дека и тој има покачена температура и сува кашлица и денеска попладне ќе прави тест,“ изјави Шврговски.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби, а прислушувани биле 20.000 граѓани.