Македонија Случајот на Кежаровски, пример за политичкото влијание врз слободата на печатот

Случајот на Кежаровски, пример за политичкото влијание врз слободата на печатот

Случајот на новинарот на „Нова Македонија“, Томислав Кежаровски, појасно од кој било друг го покажува степенот  на политичкото влијание врз слободата на печатот, стои  во  извештајот на Комесарот за човекови права на Советот на Европа, Нилс Мужниекс, насловен  „Алармантната состојба со слободата на печатот во Европа“.

Комесарот за човекови права во извештајот наведува осум чекори кои треба да се преземат за да се зголеми слободата на медиумите, меѓу кои како прв се истакнува потребата од  препознавање, а не негирање и игнорирање на намалувањето на слободата на медиумите.