Свет Балкан Словенија: Уставниот суд го пушти Јанша од затвор

Словенија: Уставниот суд го пушти Јанша од затвор

Уставниот суд на Словенија денеска одлучи претседателот на Словенската демократска партија и поранешен премиер, Јанез Јанша, да излезе од затвор.

Како што јавуваат словенечките медиуми, Уставниот суд одлучил привремено да се одложи извршувањето на пресудата во предметот „Патриа“ до конечната одлука.

Реагирајќи на пуштањето на Јанша од затвор, премиерот Миро Церар рече дека неговата партија и тој лично ќе ги почитуваат одлуките на судот и законот.

– Доколку одлуката на Уставниот суд подоцна биде поинаква од одлуката на парламентот, ќе ја почитуваме и соодветно на тоа ќе се прилагодиме, а сега ја почитуваме донесената одлука на Уставниот суд – рече премиерот.

Јанша, кој веќе излезе од затвор, е правосилно осуден на две години затвор поради аферата за примање мито при купување оклопни транспортери од финската фирма „Патриа“.