Македонија Следната „бомба“ ќе пука во „Универзална сала“

Следната „бомба“ ќе пука во „Универзална сала“

Во вторник, во „Универзална сала“ на прес-конференција, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ќе ги презентира, како што најави, „најдрските и најзначајните измами во изборниот процес од страна на Никола Груевски и неговите соработници“.

– Дел од тимот на Никола Груевски, богови станале. Слушнавте и кои се дел од луѓето кои му помагаат на Груевски и се дел од изборни фалсификати, местења и класични изборни грабежи. Има уште пострашни и уште понезамисливи работи од овие денеска. Сега се јасни ставовите на СДСМ за целиот овој период за тоа што се случувало во државата – рече Заев.