Забава Слаткаристика со два настапи во Бугарија

Слаткаристика со два настапи во Бугарија

Македонскиот рапер Марко Маринковиќ-Слаткаристика ќе има два настапи во Бугарија. В сабота, 10 јануари 2015 година, ќе настапи во дискотеката „Џекс хаус“, а на 20 јануари ќе има настап во концертната сала на клубот „Микстејп 5“, во Софија. На двата концерти како специјален гостин е најавен еден од најпознатите бугарски рапери, Ицо Хазарта од „Упсурд“.