Галерија Скопските матуранти танцуваа квадрил со своите врсници од регионот

Скопските матуранти танцуваа квадрил со своите врсници од регионот

Матуранти од неколку средни училишта во Скопје денеска, точно напладне, на плоштадот Пела, го одиграа традиционалниот танц квадрил, во рамките на годинашната „Матруска парада“.

Истовремено со скопските матуранти, квадрил танцуваа и нивните врсници во 75 градови од шест држави од регионот.

Покрај скопските, во земјаба годива во ритамот на квадрил танцуваат и матурантите од Гевгелија и од Охрид.

На матурантите им се обрати градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, кој им посака среќа и успех на матурантите и ја прогласи за отворена „Матурската парада“.

Пред да почнат со танцот, матурантите ја кажаа „Заклетвата на ненасилството“.

Покровител на „Матурската парада“ е Град Скопје.