Македонија Скопскиот аеродром меѓу десетте најдобри во Источна Европа

Скопскиот аеродром меѓу десетте најдобри во Источна Европа

На Глобалниот собир во Париз, традиционално организиран од реномираната британска организација „Скајтракс“, беа прогласени најдобрите аеродроми на светско ниво. Во Источна Европа, аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, со кој раководи  „ТАВ Македонија“, се најде меѓу десетте најдобри.

– Вбројувањето на скопскиот аеродром меѓу најдобрите десет во Источна Европа е особено значајна потврда за нашата работа бидејќи „Скајтракс“ е организација која на глобално ниво ги истражува, следи и мери реакциите и задоволството на патниците од аеродромите. Оваа награда, како и претходните што две години по ред ги добивме од Меѓународниот совет на аеродроми, е уште еден силен сигнал дека имаме соодветно формулиран пристап во поглед на квалитетот на услугите и визија тие постојано да се подобруваат, а сè за нашите редовни корисници, патниците, да можат максимално да уживаат во патувањето – вели Зоран Крстевски, генерален директор на „ТАВ Македонија“.