Хроника Скопски златар ограбен на улица, разбојници му однеле половина килограм злато

Скопски златар ограбен на улица, разбојници му однеле половина килограм злато

Неколку непознати лица вчеравечер извршиле разбојништво над сопственик на скопска златарница, од кој одзеле чанта во која имало околу поливина килограм злато.

Како што информираат од полицијата, разбојништвото се случило околу 18 часот, на булеварот Никола Карев, кога М.Х. (51) бил пресретнат од неколку лица кои го нападнале, удирајќи го со тупаници во главата.

Разбојниците потоа му ја зеле чантата и со возило побегнале од местото.

Полицијата засега нема осомничени лица за разбојништвото.