Македонија Скопје со посебен сообраќаен режим за Водици

Скопје со посебен сообраќаен режим за Водици

Поради чествувањето на големиот христијански празник Богојавление – Водици, утре ќе биде воведен привремен сообраќаен режим на дел од сообраќајниците во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„Поради чествувањето на големиот христијански празник Богојавление -Водици со традиционалниот црковен чин, положување на светиот крст во водите на реката Вардар, на 19 јануари 2016 година, во периодот од 11 часот сè до завршување на чинот, во текот на утрешниот ден ќе биде затворена за сообраќај улицата Филип Втори Македонски на потегот од булеварот 11 Октомври до булевар Гоце Делчев како и кеј Димитар Влахов и кеј 13 Ноември во делот на мостот Слобода“, стои во соопштението на МВР.

Од Секторот за внатрешни работи Скопје апелираат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на привремено воведениот режим.