Главна секција Скопје се задушува: За пет дена пар-непар и бесплатен јавен превоз?

Скопје се задушува: За пет дена пар-непар и бесплатен јавен превоз?

Загадувањето во Скопје измерено во 10 часот утринава изнесува 311,20 микрограми на еден кубен метар, што е речиси седумпати над дозвелените 50 микрограми.

Високо ниво на загаденост во Скопје трае од неделата.

Ако загадувањето продолжи и во наредните пет дена, тогаш од Град Скопје треба да ги прскаат улиците со калциум-магнезум ацетат, Јавното сообраќајно претпријатие треба да воведе бесплатен јавен превоз, а Министерството за внатрешни работи да воведе возење на автомобилите по системот пар – непар.

Моментално, според податоците од страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање, стои дека многу високо ниво на ПМ10-честичките е забележано во скопските населби Гази Баба, Карпош, Лисиче, Центар и на мерната единица Ректорат, како и во Кичево, Миладиновце, Тетово, Велес и во Кавадарци. Во Битола и во Кочани загадувањето е на високо ниво. Во Лисиче утрово е забележано високо ниво и на јагледорден моноксид. Висока концетрација на канцерогените ПМ10-честички е забележана и во изминатите четири дена.

Вообичаено, концетрацијата на ПМ10-честички постигнува максимално ниво во вечерните часови, од 22 часот до 1 часот по полноќ.