Македонија Скопје, Битола и Велес повторно одвај дишат

Скопје, Битола и Велес повторно одвај дишат

Во 20 часот загадувањето на амбиенталниот воздух во Скопје, Битола и во Велес е на многу високо ниво. Во Битола нивото на канцерогените ПМ10-честички изнесува 196 микрограми на еден кубен метар, што е за речиси четирипати повеќе од дозволените 50 микрограми.

Многу високо ниво на ПМ10-честичките освен во Битола и во Велес, се забележува и во скопско Лисиче и во Гази Баба. Високо ниво на загаденост има на мерните станици Карпош, Ректорат, Миладиновци, Битола2, Кичево и Тетово, а средно ниво во Центар и во Кочани. Во скопската општина Карпош се забележува високо ниво и на ПМ2,5-честички.

Во случај на надминување на прагот од 50 микрограми на еден кубен метар на ПМ10-честички и во пет последователни дена, Министереството за животна средина и просторно планирање издава предупредување да се користи јавниот превоз, возилата да не се користат без поголема потреба, повеќе лица да се возат со едно возило во исто време, за затоплување на простории да не се користи каков било синтетички материјал и правилно да се користат печките на дрва.