Македонија Скопјани испокршија раце и нозе, болниците полни

Скопјани испокршија раце и нозе, болниците полни

Триесетина пациенти со скршеници од снегот побарале помош во Хируршката клиника „Свети Наум Охридски“ и во Градската болница „8 Септември“, пренесе „Здравство24“.

Од вчера попладне до утринава во „Св. Наум Охридски“ имале 13 пациенти со повреди, претежно скршеници на подлактици. Имале и хоспитализација на пациент со фрактура на подколеница. И во „8 Септември“ имале прием на десетина пациенти со скршеници. Лекарите алармираат на внимателно движење, особено по најавите на УХМР за температури и до -15 Целзиусови степени, што ќе доведе до голомразици.

Скопската Брза помош, за да одговори на повици од планинските села, синоќа го активирала и теренскиот џип. Санитетските возила не можат да стигнат до високите места. Вчеравечер имале 22 покани и немале доцнење. Единствен проблем имале со повик од село Сушица, каде возилото, поради непристапниот терен, не можеле да се пробие. Но пациентот бил симнат до Петровец и оттаму го презело возило на Брза помош.