Хроника Скопјанец со стап ѝ ја скршил ногата на сопругата

Скопјанец со стап ѝ ја скршил ногата на сопругата

Четириесет и осумгодишен скопјанец е осомничен за кривично дело при семејно насилство, откако со стап ја нападнал својата сопруга и ѝ ја скршил ногата, информираат од полицијата.

Против осомничениот А.Г. е поднесена кривична пријава за тешка телесна повреда при семејно насилство, а судија на претходна постапка му одредил мерка притвор од осум дена.

Според информациите на скопската полиција, осомничениот на 11 ноември, во расправија со сопругата, почнал да ѝ се заканува дека ќе ја убие, а, потоа удирајќи ја со стап, ѝ нанел скршеница на ногата.

Жената, во текот на 2014 година, повеќепати го пријавувала сопругот за насилничко однесување.