Подглавна секција СЈО и Андонов денеска си играат закажи – презакажи со прес-конференции

СЈО и Андонов денеска си играат закажи – презакажи со прес-конференции

Дополнителниот заменик-министер за надворешни работи, Оливер Андонов, и Специјалното јавно обвинителство денеска „се бркаат“ со термини за прес-конференции.

Пред два дена СЈО најави прес-конференција за денеска во 11 часот, на која треба да даде детали за две нови истраги во рамки на обвинителството.

По вчерашното влегување на СЈО во Управата за безбедност и контраразузнавање, дополнителниот заменик-министер Андонов на својот фејсбук-профил најави прес-конференција за синоќешните случувања денеска во 11 часот, во просториите на МВР.

Најавата на Андонов за прес-конференција во 11 часот.

Утринава од СЈО ја одложија нивната прес-конференција и ја закажаа во 12 часот.

Новинарски екипи што во МВР го чекаа Андонов во 11 часот, беа известени дека дополнителниот заменик-министер денеска оди на службен пат во Тетово и дека таму ќе дава изјава во 12 часот (во исто време кога е закажана прес-конференцијата на СЈО).

Дописникот на „Мета“ од Тетово доби потврда од СВР Тетово дека Андонов се очекува да пристигне денеска во 12 часот.