Македонија СЈО денеска во 11 часот со нова прес-конференција

СЈО денеска во 11 часот со нова прес-конференција

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) денеска во 11 часот ќе одржи прес-конференција.

На последната прес-конференција, СЈО го отвори случајот „Транспортер“ во кој првоосомничен е градоначалникот на Битола, Владимир Талески, но бидејќи тој беше аболиран од претседателот Ѓорге Иванов, против него нема да се води никаква постапка.

Во вторникот, судија на претходна постапка му одреди 30 дена притвор на еден од осомничените во „Транспортер“ по сите три основи од членот 165 од Законот за кривична постапка, додека на други тројца осомничени им одреди мерки на претпазливост.

Притворениот е актуелен секретар во Општина Битола, а во периодот за кој се води истрагата бил претседател на комисијата за јавни набавки.

Синоќа, пак, уште еден од осомничените доби куќен притвор во траење од 30 дена.