Македонија Сите обвиненија на СЈО се срам за правосудниот систем, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ

Сите обвиненија на СЈО се срам за правосудниот систем, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ

Почнувајќи од „Титаник“, преку измислените „тврдини, траектории и тенкови“, сите обвиненија се без основа и се срам за правосудниот систем и за тие што ги конструирале, изјави на прес-конференција Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека обвиненијата на СЈО се само наратив од прес-конференциите на Заев и служат единствено за оцрнување на раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

– Ова не е право и правда, ниту има каква било допирна точка со правото и со правдата. Ова е политика. Политички конструираните обвиненија и предмети на СЈО се преседан – додаде Стојаноски.