Свет Сириската армија во офанзива против ИД во провинцијата Хомс

Сириската армија во офанзива против ИД во провинцијата Хомс

Сириските безбедносни сили во рамки на офанзивата против упориштата на Исламска држава, во провинцијата Хомс уништила позиции на џихадистите западно од древниот град Палмира, соопшти сириската армија.

– Војската и одреди на самоодбраната напредуваа четири километри кон градот Карјатејна. Заземена е мала висорамнина во градот – соопштија извори од армијата, додавајќи дека во офанзивата е вклучена и тешка артилерија.

Пред две недели, по петгодишната граѓанска војна, во Сирија стапи прекин на огнот, договорен со посредство на Русија и на САД. Сепак примирјето не важи за Исламска држава и за Фронтот Ал нусра.