Македонија Синоќа повторно земјотрес во Охрид

Синоќа повторно земјотрес во Охрид

Според податоците со кои располага опсерваторијата при ПМФ, земјотресот во 22 часот и 52 минути бил почувствуван од населението во градот Охрид и околината, како и во пограничните делови со Албанија, со интензитет од 4 степени според Европската макросеизмичка скала

Фото: Мета.мк

Земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала синоќа бил почувствуван во Охрид, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според податоците со кои располага опсерваторијата, земјотресот во 22 часот и 52 минути бил почувствуван од населението во градот Охрид и околината, како и во пограничните делови со Албанија, со интензитет од 4 степени според Европската макросеизмичка скала.

Ова е втор земјотрес во Охрид во последните 24 часа.

Претходно, околу 14 часот охридско-струшкиот регион го погоди уште еден земјотрес, со магнитуда од 3,6 степени според Рихтеровата скала.