Култура Симпозиум за Живко Чинго на Сорбона во Париз

Симпозиум за Живко Чинго на Сорбона во Париз

Денеска, во една од најстарите образовни институции на Универзитетот Сорбона, во Париз – Институтот за ориентални јазици и цивилизации, ќе се одржи симпозиум посветен на творештвото на големото име на македонската книжевност, Живко Чинго (1935-1987).

Воведно обраќање на симпозиумот ќе има Јордан Плевнеш, а по повод второто издание на култниот роман „Големата вода”, кој го објави издавачката куќа „Ле нувел Атила“  (Le nouvel Attila), во превод на Марија Бежановска.

На симпозиумот, ќе учествуваат познати имиња од издавачкиот и книжевен свет на Франција.

Организатор на настанот е професорката Фроса Бушро, шеф на катедрата по македонски студии во Париз.