Технологија „Симантек“ пристигна на Балканот, донациите достапни преку „Тексуп Балканс“

„Симантек“ пристигна на Балканот, донациите достапни преку „Тексуп Балканс“

Програмата за донации на „Симантек“ (Symantec) е достапна на Балканот преку платформата за донации на софтвери „Тексуп Балканс“ (TechSoup Balkans).

Програмата за донации ги предвидува софтверите „symantec enterprise“ и „symantec norton“ за квалификувани непрофитни и хуманитарни организации за земјите од Балканот, меѓу кои се Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Македонија, Албанија и Косово.

Донациите на „Симантек“ вклучуваат производи кои може да се користат во мали, средни и во големи претпријатија.

Сите организации што не се регистрирани на платформата на „Тексуп Балканс“ за донации на софтвери може да се регистрираат и да аплицираат за донација.

Донацијата е наменета за непрофитни организации кои во Регистарот на здруженија и сојузи имаат статус на здружение на граѓани или фондација.