Хроника Силувано девојче во во ОУ „Браќа Рамиз и Хамид“

Силувано девојче во во ОУ „Браќа Рамиз и Хамид“

Петнаесетгодишен ученик од скопското основно училиште „Браќа Рамиз и Хамид“ вчера во училиштето силувал 14-годишна соученичка, соопшти МВР.

Малолетникот насилно ја внел ученичката, негова поранешна девојка, во машкиот тоалет, по што со употреба на сила извршил полови дејства над неа.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.