Свет Европа Силен земјотрес го погоди истокот на Русија

Силен земјотрес го погоди истокот на Русија

Силен земјотрес со јачина од седум степени по Рихтеровата скала го погоди крајниот исток на Русија, соопшти американскиот геолошки завод.

Земјотресот се случил во 3.25 часот, на длабочина од 160 километри во планинскиот предел на Камчатка, со епицентар 87 километри северозападно од регионалниот центар Петропавловск-Камчатски.

Засега нема извештај дали има жртви, ниту за причинета материјална штета.

Руската академија за наука на својата веб-страница соопшти дека по првиот потрес, следувал уште еден со јачина од 5,2 степени.

Таа област се наоѓа во близина на пацифичкиот „огнен прстен“, каде земјотресите и ерупциите на вулканите се многу чести.

Националниот и пацифичкиот центар за предупредување на цунами, соопшти дека засега нема опасност од појава на цунами.