Свет Шведска се откажа од истрагата против Асанж

Шведска се откажа од истрагата против Асанж

Директорот на шведското јавно обвинителство одлучи да се откаже од истрагата за случаите за наводно силување за кое беше осомничен директорот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, јавува „Би-би-си“.

Одлуката доаѓа во пресрет на испитувањата на барањето на адвокатот на Асанж доставено до судот во Стокхолм, Шведска да ги повлече европските налози за апсење.

Асанж од 2012 година живее во амбасадата на Еквадор, обидувајќи се да избегне екстрадиција во Шведска. Тој стравува дека шведските власти би можеле да го испорачаат на САД, каде го очекува судење бидејќи „Викиликс“ објави илјадници тајни американски воени и дипломатски документи.