Македонија Штрајкот на судската администрација во мирување, но протестите ќе продолжат

Штрајкот на судската администрација во мирување, но протестите ќе продолжат

Доколку во законскиот рок за дијалог не бидат исполнети барања на судската администрација, тогаш тие се заканија дека ќе организираат генерален штрајк

Фото: Архива на Мета.мк

Наместо да почнат со штрајк, стотиците вработени во судската администрација сепак се одлучија да продолжат со преговори со надлежните власти во врска со нивното барање за зголемување на платите. Наместо штрајк и заканите со прекин на нивната работа, администрацијата во судовите ќе продолжи со работа во наредните денови. Но, тие ќе продолжат и со организирањето протести – следниот веќе ќе организираат за утре пред Основниот кривичен суд во Скопје.

Доколку во законскиот рок за дијалог не бидат исполнети барања на судската администрација, тогаш тие се заканија дека ќе организираат генерален штрајк.

Вработените во судската администрација бараат зголемување на нивните плати, и тоа за 78 отсто на минималната плата во судската служба и за 35 отсто на додатокот за плата за судските службеници.