Свет Европа Штрајк на кралскиот персонал во Виндзор

Штрајк на кралскиот персонал во Виндзор

Персоналот во палатата Виндзор денеска гласаше за стапување во штрајк поради премногу малите плати, соопшти денеска синдикатот на јавните служби и трговија ПЦС.

Од 200 вработени на позиции за одржување на најголемата кралска резиденција, 120 се членови на синдикатот ПЦС, од кои 85 отсто гласале за стапување во штрајк во знак на протест поради дополнителните задолженија кои им се наметнати, а за кои не добиваат паричен надомест.

Од синдикатот тврдат дека од вработените во кралската резиденција, чија почетна плата изнесува 14.400 фунти годишно (19.970 евра), што е под потребното за покривање на основните трошоци за живот, се бара воедно да бидат од туристички водичи низ дворецот, што е стар 900 години, до услуги на преведувачи. За овие ангажмани вработените не добиваат никаков паричен надомест.

Штрајкот е најавен за крајот на април, а ќе биде прв од таков вид во резиденцијата на кралицата Елизабета Втора. За време на протестот вработените ќе одбиваат дополнителни ангажмани за кои не се платени, се наведува во соопштението на синдикатот ПЦС.