Хроника Штитеничка на домот „25 Мај“ пријавена за исчезната

Штитеничка на домот „25 Мај“ пријавена за исчезната

Работник во домот „25 Мај“ вчера попладне, во полициската станица Чаир, пријавил дека претходниот ден од домот исчезнала 13-годишна штитеничка, информираат од МВР.

Според пријавата, девојчето последен пат било видено во неделата, околу 10 часот, кога се оддалечило од домот во непознат правец.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на штитеничката.