Хроника Штипјанец се обидел во гаќи да прошверцува дрога

Штипјанец се обидел во гаќи да прошверцува дрога

Двајца штипјани се осомничени за трговија со дрога откако биле фатени со амфетамин што го набавиле во Бугарија, соопшти МВР.

Станува збор за Ж.М. (26) и З.Ч. (29), против кои СВР Струмица поднела кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

Како што соопштуваат од МВР, осомничните на 8 јануари заминале во Софија, каде од непознато лице купиле амфетамин со вкупна тежина од 54,45 грама, за сума од 360 лева или 180 евра.

Првоосомничениот Ж.М. ја сокрил дрогата во гаќи и така се обидел да ја прошверцува преку граница, но бил откриен од полициските службеници на граничниот премин Ново село.

Во разговор ос полицијата, Ж.М. дал изјава за потеклото на дрогата и дека имале намера со второосомничениот да ја продадат на дилер во Штип.

Од МВР додаваат дека и двајцата се регистрани во крим-евиденцијата на СВР Штип.