Хроника Штипјанец претепал двојно повозрасен сограѓанин

Штипјанец претепал двојно повозрасен сограѓанин

Штипјанец вчеравечер бил приведен од локалната полиција откако нападнал и му нанел тешка телесна повреда на сограѓанин, информираат од полицијата.

Инцидентот се случил околу 19 часот, во станбена зграда на улицата Пиринска во Штип, по претходна расправија меѓу Т.В. (68) и Б.К. (33). Во еден момент Б.К. физички го нападнал Т.В., удирајќи го со тупаница во главата.

На 68-годишникот му била укажана помош во Клиничката болница во градот, каде лекарите констатирале тешка телесна повреда, додека Б.К. бил приведен и по документирањето на случајот против него ќе биде поднесена пријава, велат од полицијата.