Македонија Штипјанец се удавил во Дојранското езеро, спасувачи трагаат по него

Штипјанец се удавил во Дојранското езеро, спасувачи трагаат по него

Од Центарот за управување со кризи информираат дека се трага по телото, а истото не е пронајдено заради тоа што во езерото имало премногу трски, алги и била слаба видливоста на езерските води

Дојранско езеро; Фото: Архива на Мета.мк

Маж од Штип на возраст од 42 години претпладнево околу 11:30 часот се удавил во водите на Дојранското езеро. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР), лицето паднало од педалинка и се удавило во езерските води.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека се трага по телото, а истото не е пронајдено заради тоа што во езерото имало премногу трски, алги и била слаба видливоста на езерските води.

Местото на настанот било обезбедено од припадници на МВР, а побарана е и помош од специјалните нуркачки единици на ова министерство.

За случајот со давење во водите на Дојранското езеро бил известен јавен обвинител.