Македонија Штипјанец физички ја нападнал жената со која се разведува

Штипјанец физички ја нападнал жената со која се разведува

Триесет и деветгодишниот маж вчера бил приведен од полициски службеници од СВР Штип

фото: Министерство за внатрешни работи (МВР)

Триесет и деветгодишен маж од Штип вчера бил приведен од полициски службеници, кои постапувале по претходна пријава дека тој физички ја нападнал неговата 37-годишна сопруга со која се во бракоразводна постапка, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

„По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, стои во соопштението на МВР.