Свет Штајнмајер: Примирјето во Сирија би било невозможно без Русија

Штајнмајер: Примирјето во Сирија би било невозможно без Русија

Русија одигра важна улога во постигнувањето спогодба за примирје во Сирија, оцени германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер во денешното интервју за „Функе медиа груп“.

– Примирјето, обезбедувањето пристап за хуманитарната помош и почнувањето на мировните преговори во Женева, сето тоа не би било можно да се спроведе без конструктивното учество на Русија – рече Штајнмаер.

Сепак, тој нагласи Русија има сопствени и сосема различни интереси во Сирија, а тоа е обезбедување заштита на воените бази.

– Ова исто така се однесува и на создавањето на нејзини сфери на влијание. Но, Русија не е заинтересирана за долгорочен хаос и целосно уништување на државните структури на Блискиот Исток, оцени тој.