Свет Штајнмајер и Кери разговараа за ставање крај на војната во Сирија

Штајнмајер и Кери разговараа за ставање крај на војната во Сирија

Германскиот министер за надворешни работи, Франк Валтер Штајнмајер, и американскиот државен секретар, Џон Кери, вчера во Брисел се согласиле дека двете земји мора да ги зајакнат напорите за решавање на бегалската криза и да стават крај на граѓанската војна во Сирија.

Штајнмајер истакнал дека „морална и политичка обврска“ е да се стави крај на насилството во Сирија.
САД вдомиле околу 70.000 бегалци од Сирија, а следната фискална година, која почнува на 1 октомври, ќе прими уште 15.000.

Германија би можела да биде нов дом за речиси милион бегалци.

Штајнмајер изјавил дека ја цени комуникацијата на Кери со Москва за Сирија и додаде дека и Саудиска Арабија и Иран треба, исто така, да бидат вклучени во решавањето на кризата во Сирија.