Свет Европа Шпанската принцеза обвинета за даночна измама

Шпанската принцеза обвинета за даночна измама

Високиот суд на Балеарските Острови наложи да се осуди шпанската принцеза Кристина де Борбон, сестра на кралот Филипе Четврти, за соучество во затајување данок и во перење пари.
Со тоа се продолжува непријатната афера за шпанското кралство семејство, кое се обидува да се дистанцира од истрагата за корупцијата.

Обвинението е подигнато во рамки на истрагата за работењето на сопругот на Кристина де Борбон, поранешниот олимписки ракометар Инаки Урдангарин, кој, наводно, проневерил милиони државни пари преку својата непрофитабилна организација.
Урдангарин и принцезата Кристина ги отфрлија обвиненијата.

Доколку ја прогласат за виновна, шпанската пронцеза може да добие затворска казна и до четири години. Ова ќе биде првпат некој член од шпанското кралско семејство да седне на обвинителната клупа.