Свет Европа Шпанија: Уапсени четири свештеници за педофилија

Шпанија: Уапсени четири свештеници за педофилија

Шпанската полиција денеска уапсила четири свештеници во Гранада, под сомневање дека сексуално малтретирале деца, соопшти шпанскиот министер за внатрешни работи, Хорхе Фернандез Дијас.

Полицијата ги истражува можните случаи на педофилија во кои се вмешани свештениците, откако една жртва неодамна му пишала на папата Франциск.

Според шпанските медиуми, папата телефонски контактирал со жртвата, но портпаролот на Ватикан, Федерико Ломбарди, не сакаше да ги потврди, ниту да ги демантираше ваквите информации. Тој наведе дека политиката на Ватикан е да не се коментираат „лични и пасторални“ иницијативи на папата.

Бискупската канцеларија во Гранада минатата недела соопшти дека суспендирала неколку свештеници откако Ватикан им испрати жалба.