Економија Шпанија со најголем економски пораст од кризата во 2008 година

Шпанија со најголем економски пораст од кризата во 2008 година

Шпанскиот министер за економија, Луис де Гуиндос, соопшти дека земјата оваа година бележи најголем пораст од економската криза во 2008 година.

Според него, во првите шест месеци забележан е пораст од четири отсто, што е половина процент повеќе од предвиденото.

Очекувањата се дека порастот во вториот квартал би требало да биде поголем од 0,9 отсто во однос на првиот квартал.

Шпанија беше една од најтешко погодените земји од светската економска криза, а од двојната рецесија излезе дури кон крајот на 2013 година.