Македонија Шилегов учествува на регионална конференција против корупција во Тирана

Шилегов учествува на регионална конференција против корупција во Тирана

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, присуствува на регионалната конференција што вчера и денеска се одржува во Тирана.

На регионалната конференција, главна тема е превенција од корупција на локално ниво.

Регионалната конференција е организирана од УНДП, антикорупциска мрежа на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) и Регионалната антикорупциска иницијатива (РАИ).