На повидок е голема победа на граѓаните, рече портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, вечерва во прес-центарот на СДСМ.
Според информациите на СДСМ, партијата води во Скопје, Битола, Струмица, Куманово, Кавадарци и во Дебар.
– Победа во Скопје, во Битола, во Струмица, во Кавадарци, во Куманово и во Дебар. Сето ова говори дека е на повидок голема победа на граѓаните. За живот во Македонија, веќе се слави на плоштадите во Македонија. Тоа значи дека режимот на Никола Груевски станува минато – рече Шилегов.
По изјавата на Шилегов, присутните извикуваа „Шутка не ти бега Никола“.