Македонија Шилегов: И СДСМ е за избори, но за фер и демократски избори

Шилегов: И СДСМ е за избори, но за фер и демократски избори

Петре Шилегов, портпаролот на СДСМ, одговарајќи на новинарски прашања кажа дека „бомбите“ ќе продолжат, а наското ќе бидат објавени и долгоочекуваните бомби за ДУИ, за „Монструм“ и слично. Шилегов рече разговорите од проектот „Вистината на Македонија“ ќе се објават затоа што така било ветено пред граѓаните на Македонија.

Коментирајќи ја изјавата на премиерот Никола Груевски, дека во ВМРО-ДПМНЕ се подготвени за избори, Шилегов рече дека и СДСМ е подготвен за избори, но во фер и демократски услови.

– Ние сме подготвени, но тие мора да се фер и демократски, а не онакви како што Груевски ги замислил – рече Шилегов.

Партискиот портпарол, исто така, рече и дека сè уште им даваат предност на преговорите, а дека другите активности на СДСМ ќе си течат нормално.

Вечерва СДСМ треба да одржи Извршен одбор, кој, како што кажа Шилегов, е дел од редовните активности на партијата.

На Извршниот одбор ќе се разговара за преговорите и за надминување на политичката криза во државата.