Македонија Шилегов: Гошеви – директно поврзани и наградувани од ВМРО-ДПМНЕ

Шилегов: Гошеви – директно поврзани и наградувани од ВМРО-ДПМНЕ

„Ќерката на Елена Гошева, првата судика во Уставниот суд, Слободанка Гошева, била потпретседателка на подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ. Сопруг на Слободанка Гошева-Гиевска е Игор Гиевски, поранешен претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Слободанка Гошева-Гиевска беше претседателка на пописна комисија во пописот што не се спроведе. Сопруг на Елена Гошева е Ѓорѓи Гошев, поранашен директор на Студентски центар, назначен од ВМРО-ДПМНЕ“, изјави денеска портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, пред седиштето на партијата.

– Гошеви не само што се директно поврзани и наградувани од ВМРО-ДПМНЕ со високи позиции во државата, туку ова семејство преку Слободанка Гошева учествувало и во слични изборни измами при гласањето за време на избор на студентски лидер во 2002 година, обидувајќи се да ги демолира гласачките кутии и да врши притисок врз студентите при гласањето. Наместо да го штитат Уставот и уставниот поредок, партиските инсталации во судството го уриваат функционирањето на правдата и на правната држава. Сè за „фамилијата“. Во Македонија ќе владеат европските вредности. Секој што го прекршил законот, ќе одговара – изјави Шилегов.