Македонија Шилегов до ВМРО-ДПМНЕ: Само декларативно го почитувате Договорот од Пржино

Шилегов до ВМРО-ДПМНЕ: Само декларативно го почитувате Договорот од Пржино

Од ВМРО-ДПМНЕ само декларативно го почитуваат Договорот од Пржино, но постапките говорат спротивно на тоа, рече денеска од собраниската говорница пратеникот на СДСМ, Петре Шилегов.

– Ако е така, зошто во скратена постапка досега не ни е понуден законот за заштитени сведоци, тоа е еден од неопходните закони за Специјалното јавно обвинителство да може да функционира. Можеби половина пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ сака да се пријават како заштитени сведоци, има чесни луѓе тука. За да може Специјалното јавно обвинителство да си ја исполни задачата што му ја дадовме, неопходно е да го исполниме тоа што го бараат, а им е неопходно. Го замолувам министерот за правда, кој го гледам како директно надлежен за оваа ситуација, да се јави за реплика и да образложи што е приоритет, дали „кафе-куварката“ да знае англиски јазик или некој кој можеби е вмешан во злоупотребите и во криминалите на власта, Специјалното јавно обвинителстство да му даде статус на заштитен сведок – рече Шилегов.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ го блокира законот за заштитени сведоци и програмата за финансирање на Специјалното јавно обвинителство.

– Луѓето од Специјалното јавно обвинителство немаат земено плата за декември, а ние не најдовме за неопходно да ја ставиме на дневен ред и да ја изгласаме програмата за финансирање на обвинителството – додаде Шилегов.