Македонија Шесто продолжение на конститутивната седница на Собранието

Шесто продолжение на конститутивната седница на Собранието

Собранието на Република Mакедонија денеска ќе ја продолжи конститутивната седница, на која се расправа за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и на именувањата.

Пријавени за дискусија по првата точка, односно избор на претседател и на членови на комисијата, се 51 пратеник. Претходните пет расправи во текот на целата измината седмица поминаа речиси без суштинска дебата меѓу пратениците и во процедурални забелешки и меѓусебни реплицирања кој и што направил за државата и за граѓаните.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ бараат отфрлање на, како што ја нарекуваат, тиранската платформа или распишување нови парламентарни избори заедно со локалните. Пратениците до СДСМ, пак, бараат да се изберат членовите на комисијата, потоа да се избере претседател на собранието и да се гласа за предлог-програма на влада.