Култура Шеста Меѓународна ликовна колонија „Вевчански видувања“

Шеста Меѓународна ликовна колонија „Вевчански видувања“

Триесеттина уметници од земјава, регионот и од светот, од денеска до 10 јули ќе учествуваат на шестата по ред Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“.

Колонијата е спонзорирана од локална вевчанска фирма, додека инцијатор и почетен организатор беше Фондацијата „Киро Глигоров“.

Македонскиот уметник Петар Попчев, учесник на сите досегашни колонии, вели дека убавината на Вевчани не е во изворите и во љубезноста на луѓето, туку во гордоста на жителите на ова дримколско село.

– Сите можеме да ја видиме убавината, но гордоста на вевчанци е малку скриена. Тие се скромни луѓе, но кога ќе те засакаат, бидете сигурни дека сте нивни – оценува Попчев.

На Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“ изминатите години учествувале голем број еминентни ликовни уметници, од земјава и од светот.

Делата што се создаваат во нејзини рамки се изложуваат на многу поставки во земјава и во странство.