Македонија Шест активни пожари, еден под контрола, 27 изгаснати

Шест активни пожари, еден под контрола, 27 изгаснати

Ставен е под контрола пожарот во општина Крушево, каде горела градска депонија

фото: Центар за управување со кризи (ЦУК)

Во текот на вчерашниот ден имало вкупно 34 пожари на отворен простор, од кои шест биле активни, еден е под контрола, а изгаснати се 27.
Активни се пожарите во општините Прилеп, Чашка, Петровец, Штип, Чучер-Сандево и Долнени.
Ставен е под контрола пожарот во општина Крушево, каде горела градска депонија.