Македонија Шекеринска во Брисел ќе учествува на состанокот на Северноатлантскиот совет

Шекеринска во Брисел ќе учествува на состанокот на Северноатлантскиот совет

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, денеска во Брисел ќе учествува на состанокот на Северноатлантскиот совет, соопшти Министерството за одбрана.

Во фокусот на дискусијата, во која ќе учествуваат 39 министри за одбрана на земји-членки на НАТО, ќе биде безбедносната состојба во Авганистан и иднината на мисијата „Одлучна поддршка“, која според одлуката на земјите членки на НАТО од 25 мај, треба продолжи и по 2018 година.

Македонија учествува во мисијата „Одлучна поддршка“ од 2015 година. Во моментов, Македонија во оваа мисија има распоредено 39 припадници на АРМ.