Македонија Шекеринска: Политичката криза во Македонија помина во државна

Шекеринска: Политичката криза во Македонија помина во државна

Традицијата се одржува. Општинската организација на СДСМ во Кавадарци, од првата година од своето функционирање, традиционално ја слави Василица и тоа е можност и да се видиме, да си посакаме здравје, среќа и успех во новата година, меѓутоа, исто така, и да позборуваме и за сè што е актуелно и во Кавадарци и за она што ги мачи граѓаните и во Македонија, рече Радмила Шекеринска во Кавадарци.

– Македонија помина од една политичка, во една сеопшта државна криза. Значи, имаше еден период кога Владата покажуваше со прст кон опозицијата како непријател. Меѓутоа, кон крајот на 2014 година, за свои непријатели ги прогласи и студентите, и професорите, и хонорарците, и земјоделците, и сите оние кои се осмелија да кажат дека не размислуваат на ист начин како Владата. Власт којашто не сака да разговара со својот народ, не е демократска. Власт којашто не сака да ги слушне поинаквите мислења, не е слободарска. Власт којашто бега од својот народ, бега од мислењата на граѓаните е власт којашто нема да има светла иднина – рече Шекеринска.