Македонија Шекеринска на средба со амбасадорот Рамон Абароа Каранза

Шекеринска на средба со амбасадорот Рамон Абароа Каранза

На средбата се разговарало за актуелната политичка ситуација во Македонија

Заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, денеска се сретна со амбасадорот на Кралството Шпанија, Рамон Абароа Каранза. На средбата  се разговарало за актуелната политичка ситуација и за назадувањето на земјата во европските интеграции.

– Преку воспоставување целосна контрола врз медиумите, затворање и казнување на критичките медиуми и целосната контрола врз институциите на системот, оваа власт покажа дека унапредувањето на демократските процеси во земјата и европските интеграции не се нејзин приоритет – посочила Шекеринска на средбата.