Култура Шарл Азнавур издава албум на 90 години

Шарл Азнавур издава албум на 90 години

Францускиот шансониер, 90-годишниот Шарл Азнавур, на 4 мај ќе го издаде новиот, 46. по ред албум, јавија француските медиуми.

Азнавур на новинарите им рекол дека тајната на неговата виталност се пишувањето и пеењето.

– Ако престанам да пишувам и да пеам, умирам, барем умирам од здодевност – рече шансониерот, чиј нов албум „Енкор“ ќе го претстави на концерти во Париз од 15 до 27 септември.

Азнавур има ерменско потекло и е особено ангажиран во борбата за признавање на геноцидниот карактер на масакрот над Ерменците за време на Отоманската Империја. Тој е познат по единствениот тенор, кој со леснотија достигнува најдлабоки и највисоки тонови, како и по меланхоличната боја на гласот.
Глумел во повеќе од 60 филмови, компонирал 1.000 песни, вклучувајќи и 150 на англиски, 100 на италијански, 70 на шпански и 50 на германски јазик. Продал повеќе од 100 милиони носачи на звук.